Македонија го признава Гуаидо како в.д. претседател на Венецуела

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров објави денеска на Твитер дека Македонија го признава Хуан Гуаидо за вршител на должноста претседател на Венецуела.

„Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на собранието на Венецуела, Гуаидо, за привремен претседател, во согласност со Уставот, за да ги спроведе претседателските избори слободно, праведно и демократски“, напиша Димитров.