Сервер: Македонија до 2024 година може да биде при крајот на процесот за зачленување во ЕУ

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Политичкиот аналитичар Даниел Сервер смета дека Македонија во јуни ќе ги започне преговорите за членство во Европската Унија и за пет години ќе биде при крајот на процесот за зачленување.

– Не сум во бизнисот со предвидувања, но сметам дека најреалистично е Македонија за пет години да биде при крајот на процесот за зачленување во ЕУ, изјави Сервер за МИА.

Тој додаде дека тоа ќе зависи многу од стабилизацијата на домашната политичка клима што би овозможило навремена имплементација на реформите.

– Во однос на зачленувањето во ЕУ, Македонија е исправена пред два предизвика, имплементацијата на „акис“ (општите права и обврски задолжителни во сите земји членки на ЕУ), како и независноста на судството.  Ако овие реформи, таканаречени потпорни столбови на една градба, бидат имплементирани на време, Македонија е на сигурен пат да стане членка на ЕУ, изјави Сервер кој е професор по меѓународни студии на Универзитетот „Џон Хопкинс“ и добар познавач на  работите на Балканот.