Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица синоќа беа дел од традиционалниот оперски бал во Виена. Тие од претседателската ложа ги следеа случувањата на подиумот на Државната опера.

Заеви се на балот како гости на австрискиот канцелар Себастијан Курц. Премиерот Заев е единствениот коj Курц годинава го поканил како негов гостин на престижниот традиционален бал.
Заев – Курц: Австрија е и останува голем пријател и поддржувач на Република Северна Македонија
Познатиот бал во Виена се одржува речиси 200 години, а во Државната опера обновен е во 1956 година и се се одржува еднаш годишно. Балот е комерцијален настан и билетите се од 315 евра во партерот до околу 2.000 евра во ложите.
