Фотографиите на Личовски и Исмаилов најдобри на конкурсот „Карневалски слики 2018“

од Марта Пешевска
138 прегледи

Фотографиите на фоторепортерот Ѓорѓи Личовски и фотографот Енес Исмаилов се прогласени за најдобри на Десеттиот конкурс за карневалска фотографија „Карневалски слики 2018“. Одлуката ја донесе жири комисијата составена од Ристо Филчевски, афористичар и карикатурист, Даниела Дончева, фотограф од НУ „Завод и Музеј-Струмица“ и Ѓорѓи Кончалиев, ликовен уметник.

Личовски ќе ја добие наградата од Завод Музеј Струмица, а Исмаилов од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал на изложбата на најдобрите карневалски фотографии од Конкурсот „Карневалски слики 2018“ на 7 март во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

На конкурсот на карневалска фотографија учествувале 14 автори со 127 авторски фотографии.

Изборот од 50 најдобри фотографии ќе биде претставен на изложбата со која ќе започнат годинашниве Струмички карневалски празнувања