Лажна вест е дека водата од изворот Рашче е загадена се јавија официјално од „ЈП Водовод и канализација – Скопје „ по ширењето на лагата по социјалните мрежи.

На локалитетот нема нешто што би истекло и директно би го загрозило изворот.
Постројките кои ги третираат подземните води се чисти и во одлична состојба и истите постојано се следат од наша, а и од страна на надлежни институции.
ЈП Водовод и канализација – Скопје секојдневно врши анализи на водата на 38 локации на територијата на градот Скопје.
Граѓаните на градот Скопје пијат најчистиста и најквалитетна вода за пиење.
Инаку предизвикување општа опасност според КЗ член 288, став 1, е кривично дело за кое е предвидена казна затвор до 5 години, порачуваат од Водовод Скопје.
Во лажната вест која се шири по вибер групи се наведува дека водата се загадила од Југохром, ама дека властите кријат и нема да кажат. Изворот на лагата демек бил од Министерство за екологија, која патем и не е задолжена за изворот Рашче туку ЈП Водовод и канализација – Скопје.