Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, е на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд.

Обвинителството за него бара притвор за нов предмет, за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување. Покрај Јакимовски, обвинителството бара притвор и за уште петмина други лица, објави 1ТВ.
Јакимовски бил уапсен по завршувањето на денешното судење „Таргет Тврдина“ случајот каде што е второобвинет за незаконското прислушување, од двајца припадници на полициската единица „Алфи“.
Покрај во „Таргет Тврдина“, на Јакимовски му се суди и во случајот „Трезор“ на СЈО, за незаконска набавка за опремата за прислушување во УБК, а на товар, одделно и во двата случаи му се става кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување.