Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и уште четири лица Т.Ѓ (62), В.С.(43), М.Т. (59) и Р.Д. (60) сите од Скопје, поради постоење сомнение за сторено кривично дело – „злоупотреба на службена положба и овластување“.
