Руски селанец застрела сибирски тигар

од desk2
468 прегледи

Маж застрела сибирски тигар во близина на Хабаровск во зафрлените делови на источна Русија окако животно влегло во шталата и ја нападнало неговата крава, соопштија локалните служби.

Тигарот прво ја нападнал кравата, а потоа тргнал кон селанецот кој се обидел да ги избрка од шталата.

Сибирскиот тигар е заштитен вид што живее на мала погранична територија меѓу Русија, Кина и Северна Кореја. Се проценува дека во дивината живеат само уште 500 сибирски тигри.

Службите спроведуваат истрага за секој усмртен примерок бидејќи овие животни се ловат и поради крзното, забите и други делови од телото.

Според службите, на овој убиен тигар му недостигале забите, а телото на мртвото животно е запленето како дел од истрагата. Експертите сметаат дека се работи за стар тигар кој веројатно бил гладен и истоштен и влегол во шталата барајќи храна.

„Природниот страв од грабливци довел до овој тажен исход“, рече директорот на Центарот за сибирски тигри Сергеј Арамиљев.

Последниот случај на тигар убиен во самоодбрана се случи во истиот регион во 2012 година.