(Видео) Алигатор се прошета по терен за голф

од desk2
119 прегледи

Голфери имаа блиска средба со огромен алигатор на терен во американската сојузна држава Џорџија, а еден од нив веднаш и го сними животното коешто залутало на местото каде што тие се рекреирале.

Видеото на Фејсбук Ед Венс со коментар: „Ова се случи токму кај 17. дупка… Беше така надреално”.

Подоцна тој прокоментира дека никогаш нема да го заборави чекорењето на грабливецот, како и звукот притоа.

Ова е релативно честа појава на терените за голф низ САД.

https://www.facebook.com/slayerfan1190/videos/10215579405852072/