Награда од милион долари за наставникот кој платите им ги дели на сиромашните!

од desk2
102 прегледи

Наставникот од Кенија, Петер Табичи, е добитник на годинешната Награда за најдобар наставник и чек на милион долари, а станува збор за наставник кој се откажал од поголемиот дел на своите примања за да ги донира на сиромашни деца.

Престижното признание „Global Teacher Prize” е доделено во Дубаи, а водител на програмата бил познатиот глумец Хју Џекмен.

Наградата и чекот од милион долари му се доделени на Табичи кој работи како наставник во државно средно училиште во оддалеченото и неразвиено место Пвани.

Табичи рекол дека првпат патувал со авион и дека наградата претставува голема чест, но и обврска да продолжи да се грижи за децата во школото во кое има само еден компјутер, а учениците се главно деца без родители.

Најавил дека дел од парите од наградата ќе искористи да ги унапреди условите на работа во школото и да им помогне на сиромашните во Кенија.

Напоредно со неговата хуманост, Табичи е исклучително квалитетен наставник за што најдобро сведочи и фактот дека неговите ученици од школо без библиотека, лабораторија и соодветен пристап на интернет, редовно освојуваат натпреварувања во Кенија и на регионално ниво.
Претседателот на Кенија, Ухуру Кениата му честитал на добитникот и порачал дека приказната на Табичи претставува приказната на Африка и надеж за нови генреации.