Русија се обидува да ја преработи историјата на Балканот, пишува британски  “Тајмс”.

 

Режимот на Путин употреби сила за да менува граници во Европа, користи нервни материја при обид за убиство во Солсберската и му помогна на  деспотот Башар Асад да остане на власт, се вели во уредувачката статија на весникот.

Во публикацијата се наведува дека за постигнување на своите цели Москва прибегнува кон лажна информација и е од витално значење руската пропаганда да биде прресретната.

Во Русија и во Србија е особено популарен новиот руски филм “Балканска меѓа”,пишува  британското издание.

Заплетот покажува настани од пред 20 години – бомбардирањето на НАТО врз Србија за време на режимот ва Слободан Милошевиќ. Но филмот е толку тенденциозен што ги преминува сите граници на уметничката интерпретација, пишува “The Times”.

Весникот истакнува дека Србите, организирале геноцидот во Косово, се претставени како невини жртви, а руските воејници – како спасители.

Прикажано е противењето меѓу руските воени и силите на НАТО на аеродромот крај Приштина во 1999 година Авторите на сценариото  се претстават   како херојска акција за спречување на крвопролевање, иако во реалноста станува збор за несогласувања по улогата на мировниците, се вели уште во статијата .

Весникот наведува дека пилотите на НАТО, кои ја бомбардираа Србија, всушност  ризикуваа со животите , во обид да го спречат Милошевиќда организира геноцид о Косово  против албанското население, слична на онаа во Босна.

НАТО презеде ограничена и фер операција, за да запре агресијата на Белград, таа немаше за цел да го собори режимот во Србија, ниту да даде независност на Косово – целта беше само да се заштити албанското население, додава весникот.

До март 1999 година, силите на Милошевиќ веќе протераа околу 300.000Албанци од Косово , при што загинаа најмалку 2.000 луѓе и  уништија речиси 100 села.

Ако Милошевиќ не беше запрен од НАТО, Косово требаше да преживее катастрофа, слична на онаа која се случи во Босна 10 години порано, резимира весникот.

Според авторите, ова не се само детали за толкувањето на историјата, туку за одраз на тезите на руската дипломатија.

За време на косовската криза, Русија ја поддржуваше Србија , а сега се обидува да предизвика анти-грасрут расположение во регионот за да го зајакне своето влијание во регионот .

Косово прогласи независност од Србија во 2008 година од разбирливи причини – Србија одби да им даде еднакви права на Косоварите , потсетува весникот.

Од друга страна, Русија се обидува да ги претвори земјите од поранешна Југославија во нивната сатиија, забележуваат авторите.

“Режимот на Путин е познат по својата пропаганда, обидувајќи се да ја прикрие агресијата на Москва против помалите и незаштитени народи. Во случајот тоа не треба да се дозволи. Животот на луѓето и нивната слобода се загрозени поради очигледни лаги.” – нагласува “Тајмс”.