Најдолгиот електричен автобус во светот пристигнува во Колумбија

од desk2
178 прегледи

Двојниот електричен автобус од кинеско потекло пристигнува во Колумбија, каде ќе се користи како дел од брзиот транзитен систем.

BYD го претстави K12A, најдолгиот електричен автобус во светот, со должина од 27 метри. Црвениот автобус изгледа како џиновска гасеница, а во него има место за 250 патници. Достигнува брзина од околу 64 километри на час.

Автобусот е тргнат кон Колумбија каде ќе биде дел од брзиот транзитен систем. Во јануари BYD го лансираше најголемиот електричен двокатен автобус во светот.

Оваа кинеска компанија произведе повеќе од 50.000 автобуси на струја во изминатите 9 години.