Сите релевантни анкети предвидуваат победа на Пендаровски

од Марта Пешевска
193 прегледи

Сите релевантни анкети предвидуваат победа на Пендаровски, граѓаните го препознаа концептот за сигурна иднина, одиме напред

Сите релевантни анкети предвидуваат сигурна победа на Стево Пендаровски на претседателските избори и сериозна предност уште во првиот изборен круг.

Расте поддршката за Стево Пендаровски кај граѓаните. Она што е многу важно е што поддршката за Стево е очигледна од сите етнички заедници.

Концептот на Пендаровски и позитивната кампања посветена на визијата за напредокот, за сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ и подобар живот е препознаена од сите граѓани.

Од едната страна е Пендаровски кој зборува за напредок, сигурна и стабилна иднина, за заедништво, од другата страна е Гордана Сиљановска која ги брани криминалите на Никола Груевски и зборува за враќање назад.

Граѓаните не сакаат враќање назад, неизвесност и нестабилност, граѓаните сакаат иднина, сигурност и стабилност, сакаат напредок и затоа Стево Пендаровски е фаворит на овие избори. Одиме напред!- порачиваат од Центар за комуникации на СДСМ.