Голи манекенки рекламираат носење на кациги?!

од desk2
205 прегледи

Кампањата на германското министерство за сообраќај која промовира безбедност во велосипедизмот, се најде на мета на критики.


Станува збор за кампањата “Look like sh*t. But saves my life” (Изгледа грдо, но ми го спасува животот) вредна 450 илјади долари, а на фотографиите, моделите носат сигурносни кациги на главата и се облечени само во долна облека.

“Непријатно е, глупаво и сексистички министерот за сообраќај да ја продава својата политика користејќи гола кожа”, изјавила Марија Нојхл, застапничка во Европскиот парламент и претседателка на женското крило на германските социјалдемократи.

https://twitter.com/JesseOtta/status/1111397024610615301

На нејзина страна застанала и министерката Франциска Гифи со неколку остри зборови за министерот за сообраќај, Андреас Шојер од конзервативната партија CSU. За да му објасни што сака да каже, таа објавила фотографија во деловна облека со кацига на глава и напишала: “Драг Андреас Шојер: потполно облечена исто така добро одговара со кацига!”.

На ваквите обвиненија, подоцна се огласило и самото министерство:

“Успешната кампања за безбедност на патиштата би требало да биде поларизирана”, изјавил портпаролот за германските медиуми.

https://twitter.com/rankinphoto/status/1110209852159205376

Самиот министер Шојер изјавил дека првобитната цел на кампањата била да се спротивстави на идејата дека кацигите се непривлечни, што истражувањата го наведуваат како една од причините зошто младите не ги носат во текот на возењето.

https://www.facebook.com/franziska.giffey/photos/a.615415458595333/1617243885079147/?type=3

На социјалните мрежи се покрена расправа за тоа дали кампањата е сексистичка или не, па некои корисници истакнаа дека сепак не спаѓа во сексизам бидејќи содржи различни модели од двата пола. Од друга страна, имало и такви на кои ваквиот пристап на промовирање на безбедност не им се допаднал бидејќи го одвлекува фокусот од она што кампањата сака да го порача.