Скопје блокирано за сообраќај-Каде не треба да возите!

од Марта Пешевска
295 прегледи

Денеска  поради маршот организиран од СДСМ закажан за 12:30 часот ќе бидат затворени улиците по кои што ќе се одвива настанот и тоа од соборниот храм „Свети Климент Охридски“, по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Васил Главинов“, па лево по улицата „Димитрие Чуповски“, право до крстосницата меѓу улицата „11-ти Октомври“ и булеварот„Кочо Рацин“.

Потоа, од пред МТВ и МАНУ право по булеварот „Крсте Петков Мисирков“, право по булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата со улицата „11-ти Октомври“, како и од пред Транспортен центар право по булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, лево по булеварот„Кочо Рацин“ до крстосница со улицата„11-ти Октомври“. Ќе биде затворена и делницата од Тутунскиот комбинат право по улицата „11-ти Октомври“ до крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“, како и од крстосницата меѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Беласица“ право по булеварот „Кочо Рацин“, десно по улицата „Свети Кирил и Методиј“ до седиштето на ЕУ, каде што во 14 часот ќе се одржи митинг.

Покрај ова,  до 24 часот ќе биде затворена за сообраќај улицата „Свети Кирил и Методиј“ и тоа на потегот од крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“.