Основци во Македонија се повредени од опасните интернет игри „Момо“ и „Синиот Кит“ – четворица ученици од ОУ „Коле Канински“ од Битола се самоповредиле со сечење вени.

Според Телевизија 24, бројката на деца во Битола кои се одзвале на предизвиците од овие игри е далеку поголем.
Директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола, Зоран Мирчевски го потврдил случајот. При вонредна проверка со полицијата откриен е и еден нож кај основец во тоа училиште. Дознаваме дека речиси во сите основни училишта во Битола, родителите се предупредени за опасната појава кај нивните деца.