Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова го откажа „жешкото столче“ на телевизија Телма без какво било образложение.

Кандидатката на ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија прво го прифатила, а потоа одбила гостување денеска во емисија.
Останатите двајца кандидати Блерим Река и Стево Пендаровски веќе ја искористија можноста за ваков вид на претставување пред гласачите.
Како реакција за нејзината одлука да избегне гостување во таа телевизија, СДСМ преку соопштение нагласи дека „како тргнала и Сиљановска ќе избега во Будимпешта.“