Ноќевање со појадок во пилотската кабина

од desk2
166 прегледи

Боингот 747 е претворен во хостел „Џамбосеј“ со поголем број удобни соби, кој во внатрешноста има дури и сопствен бар.


Ноќта во авион најчесто ја доживуваме како непријатност – тешко е во седечка положба да потонете во сон, просторот е ограничен, во позадина се непријатните звуци од авионскиот мотор….

Меѓутоа, сега е овозможено сосема ново искуство – ќе бидете сместени на удобен душек, испружени, со пијалок и топол оброк, но со една важна разлика – всушност нема да патувате, пренесува „The Mirror“.

Од моделот Boeing 747-212B од 1976-та година, извадени се сите 450 седишта и цела кабина е поделена во спални соби и неколку удобни апартмани, од кои еден е сместен во поранешната пилотска кабина.

Се наоѓа во Стокхолм, на многу достапна, а притоа симболична локација – покрај самиот аеродром, од каде на гостите им е обезбеден бесплатен автобус до терминалот.

За разлика од спиењето во авион на кое сте навикнати, овде имате доволно простор за нозете, можете слободно да се испружите, а оние во „првата класа“ имаат и многу поудобни кревети.

Создавачите мислеле на сè, па дури и на празните стомаци на посетителите. Хостелот има и свој бар, каде може да нарачате пијалоци и загуски, но и обилен појадок, како и топли оброци.

Слични содржини