„Добро утро, госпоѓо“ – концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири

од Vlatko K
190 прегледи

Златко Ориѓански и Бени Шаќири  вечер од 20.30 часот во Филхармонијата ќе одржат концерт на кој ќе ги изведат песните од албумот Добро утро, госпоѓо“.

Нивниот прв заеднички концерт заедно со пријателите во Филхармонијата произлезе од долгогодишна соработка на двајцата музичари.

Соработката ја почнаа со „Си беше еднаш и „Генерале“, која стана дел од музиката за претставата Солун – град на духови“ на режисерот Слободан Унковски.

Продолжија со „Галена“, „Анице“ и со многу други песни кои публиката ќе има можност да ги слушне на вечерашниот концерт.