Татјана Илиевска и Кристијан Давидовски од Центарот за биоинформатика во Скопје во разговор за „Иновативност“ раскажаа како функционира регенеративнатa медицина која се практикува во овој Центар и какво е искуството од нивното 3-годишно функционирање во Македонија

Биоинформатика е наука која се занимава со проучување на софтверските системи на биолошките организми. Тоа вклучува декодирање, зачувување, модулирање и пренесување на биолошки активни софтверски бази. Применетата биоинформатика, пак, подразбира употреба на биолошки активни клеточни софтверски програми во медицински цели. Поточно, тие се наменети за лекување и излекување на патолошки состојби кај сите живи организми.
Татјана Илиевска и Кристијан Давидовски од Центарот за биоинформатика во Скопје во разговор за Иновативност ни раскажаа како функционира оваа регенеративна медицина и какво е искуството од нивното 3-годишно функционирање во Македонија. Велат дека во светски рамки на биоинфоматиката се посветува големо внимание поради фактот дека овозможува перспектива како ниедна досега позната медицинска гранка. Илиевска и Давидовски велат дека ова е медицината на иднината.
Може ли да ни објасните што точно е биоинформатика?
Биоинформатиката во некои земји во светот се нарекува комплементарна алтернативна медицина, иако всушност тоа е регенеративна медицина. Во Европа или САД регенеративната медицина не може да се регистрира, односно не постои како концепт. Во Македонија, пак, законот предвидува своевиден компромис и оваа област ја нарекува биолошка информатика или комплементарна алтернативна медицина. Центарот е лиценциран од Министерството за здравство и работи повеќе од три години.
Биоинформатиката всушност е начин на корекција на човечкиот софтвер. Во иднина ова ќе биде нормален начин на лекување. Во превод, ние се занимаваме со програмирање односно со чување, креирање, декодирање и модулирање на човечкиот софтвер. Преку него може да влијаеме на било кој систем, орган или функција на даден орган во организмот. Доколку некој човек има дисбаланс во организмот, на пример, му недостасува инсулин, класичната медицина го лекува на тој начин што му додава инсулин. Но, тоа не ја менува или подобрува функцијата на панкреасот, бидејќи препаратот не му се обраќа на панкреасот за да ја смени функцијата и да почне да функционира. Биоинформатиката не дава инсулин, туку на организмот му дава носач на информација. Тоа се прави со неутрален калај, маслиново масло или гел, на кои се запишани информации на истиот програмски јазик на кој зборуваат клетките на панкреасот, преку кои му се кажува како да се излекува и како да ја поврати нормалната функција./Иновативност
Целиот текст прочитајте го ТУКА