Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски вечерва изјави дека концептот „Заедно напред“ ќе ја заокружи победата во вториот круг.
Според него гласањето поминало во демократски дух, а така очекува да биде и на 5 мај.
– Концептот „Заедно напред“ ќе ја заокружи победата во вториот круг. Денешното гласање помина во демократски дух и очекувам тој да продолжи. Едвај чекам да се фатам за работа за европска и евроатланска Република Северна Македонија. Македонија 10 години немаше претседател. Изборот во вториот круг ќе биде полесен. Разликата меѓу мене и Силјановска е огромна и тоа ќе придонесе за огромна решителност, изјави вечерва Пендаровски.
Тој ги повика поддржувачите на својот против-кандидат Блерим Река, неопределените, но и тие што гласале за Силјановска, повторно да се преиспитаат и да преминат на вистинскиот пат.
„Секој треба да земе учество во позитивнините промени и заедно да одиме напред“, порача Пендаровски.