Словенечки „Вечер“: Русија е причината за загриженоста на ЕУ за Балканот

од Vladimir Zorba
203 прегледи

Словенечкиот весник „Вечер”, по состанокот за Западен Балкан во Берлин, оценува дека спречувањето на растечкото влијание на Русија е всушност причина зошто Европската унија „одеднаш почнала” да се грижи за регионот.

Европската унија има „историја на заборавање” за Балканот, војните во регионот беа прашање за НАТО, а не за ЕУ, нагласува „Вечер” и го поставува прашањето за тоа – што се променило.

Мариборскиот весник во статијата под наслов „Европски Балкан” истакнува дека Русија и Кина почнале да го скршнуваат патот на стариот континент, додека САД се чини дека се откажале од него.

Весникот констатира дека ЕУ се уште не знае што да прави со Балканот.