Српската православна црква ќе го обнови дијалогот со Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), кој беше под мраз , откако Вселенската Патријаршија одлучи да се разгледа на дневен ред  да се стсави барањето на “црквата на Северна Македонија” за автокефалија, објави “Дневник”.

 

Според сајтот на Вселенската патријаршија, во соопштението по седницата меѓу 9 и 11 мај во Истанбул се вели дека на седницата се зборувало и за барањето на црквата “која во моментов, како стојат работите, е во раскол ” , со другите цркви.

Во текстот не се споменуваат детали од разговорот, но според аналитичарите поставувањето на прашањето на дневен ред значи  само по себе и влегување во процедура , на изнаоѓање на решение.

Потсетуваме дека во јануари 2019 година Вселенскиот патријарх Вартомолеј му предаде на украинскиот митрополит Епифаниј томос за автокефалноста на познатата веќе како Православна Црква на Украина, која на тој начи доби независност од руската црква.

Неименувани  аналитичари сметаат дека во случај на МПЦ-ОА, може да се примени  како реално можно репение или како ” украинскиот рецепт “, за надминување на спорот со СПЦ и другите помесни цркви оклу афтокефалијата на МПЦ-ОА.