Австралијанката Маргарита Томовска бара по 100 000 долари донација зашто никој не ја вработувал (ФОТО)

од desk2
293 прегледи

Маргарита Томовска, очигледно со македонски корени , која е позната во Австралика како ,,Мерцедес мама” , бара да и уплаќаат по 100 000 долари зашто не можела да си најде работа.

Томовска преку GoFundMe бара донации од по 100 000 долари. Преку оваа платформа , инаку се собираат пари за неизлечиво болни лица или за навистина сиромашни.

Таа на истата платформа покрена кампања во која бара пари зашто никој не сакал да ја вработи.

https://www.instagram.com/p/BrPibbqlwn6/?utm_source=ig_embed

За таквата ситуација Томовска ја обвинува полицијата , која наводно ја вознемирувба откако лани ја фатиле како возела 200 км/час со нејзината ќеркичка на задното седиште без појас.

Инаку Маргарита е многу активна на социјалните мрежи каде што се фали со скапа облека , автомобили и шопинзи.

Има фотографии и од казина со жетони од неколку илјади долари. Бара да и уплаќаат по 100 000долари , а засега има собрано скромни 175.