
По уттринските последователни потреси точно во 09:00 часот се случи посилен земјотрес повторно во соседна Албанија. Епицентарот на земјотресот бил во близина на Корча.
Ова е четврти потрес утрово, а се започна во 6 часот и 26 минути, кога беше почуствуван првиот потрес од 5 степени.
И овој потрес се случил во близина на Корча. Земјотресите утрово ги разбудија и жителите на Македонија, а особено е почуствуван во Преспа, Битола, Струга и Охрид. Последниот се почувствува и во Скопје.
Нема сеуште информации за последици земјотресите во јужна Албанија.