Обилните дождови кои ја зафатија соседна Србија во некои делови од земјата направија поплави. Реките го зголемија нивото на вода во своите речни корита, а многулуѓе беа евакуирани од нивните домови во јужниот дел од земјата. Повторно слики и видеа од граѓани кои се борат со водата околу себе.

Едно од тие видеа масовно се споделува низ интернет. На снимката се гледа како багер го црпи насобраното ѓубре од надојдената река од едната страна на мостот и го фрла повторно во истата река од другата страна на мостот, а силната струја на водата го носи сметот со себе.
Видеото направено во Нови Пазар наиде на многу лоши коментари од целиот свет. Многумина низ коментари прашуваат зошто ѓубрето не било собрано во камион, а се враќа повторно во реката.
Видеото е споделено на Фејсбук страната Severe Weather Europe, која ја следат над 900.000
корисници од цела Европа. Како што се слуша од снимката, додека снимателот саркастично го коментира „умното“ решение, друг маестрално образложува зошто се решиле на таков чекор: „Не е наше ѓубре, не е од Нови Пазар“.
„А јас, будала, секогаш рециклирам сè. Одам во маркети и супермаркети и си носам свои торби и искористени пластични ќеси од претходни купувања. Многу тажно. Ја сакам Србија, но владата треба да ги едуцира луѓето по однос на овој голем проблем“, коментира корисничка од некаде од понормалниот дел на Европа.
https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/372626846934774/