На претпладневната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која не присуствува претставник на ВМРО-ДПМНЕ, не е донесена конечна одлука дали оставката на пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски, кој избега од земјава и доби политички азил во Унгарија, ќе биде ставена на дневен ред на утрешната седница.

Од кабинетот на Џафери посочија дека на координацијата секој од координаторите изнел свој став, и оти претседатеот на Собранието во текот на денот одделно ќе има средба и со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.