Могерини: Довербата во ЕУ ќе се намали ако не почнат преговори со Скопје и со Тирана

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Довербата во процесот на проширување на ЕУ ќе настрада ако не почнат веднаш преговори за пристапувањето на Северна Македонија и Албанија. Тоа го изјави на прес-конференција, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.


-Двете земји се подготвени, тие се европски земји, тие не се на надворешна граница на ЕУ. Во наш интерес е Западен Балкан да станат дел од заедницата, појасни Могерини.

Според неа, ЕУ не треба да се откажува од најефикасниот инструмент за постигнување мир.

-Се надевам земјите од ЕУ да донесат мудра одлука за итно започнување на преговорите, додаде високиот претставник.

Предвидено е Советот на ЕУ да го разгледа прашањето на утрешната седница во Луксембург.

Слични содржини