Во времето кога се обвјавуваа бомбите се објавија на транспарентен начин, со водење грижа за приватноста. Тоа покажа што е чесен однос кон државата. Уште тогаш најавивме дека една третина најверојатно кај нас се материјали кои подоцна ги предадовме на СЈО, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за злоупотреби и уценување на незаконски снимените материјали и новите објавени „бомби“.
Очекувам, истакна тој, институциите на системот да настапат заради тоа што постои закон за тоа, како дел од Пржинскиот договор.
Апелирам и до СЈО, до ЈО за организиран криминал до МВР, сите поупорно и попосветено да си ја вршат својата работа за да може да се почитуваат законите во државата
– Сите инситуции мораат да постапуваат со брзи резултати од своите истраги и постапки, рече Заев.
Тој ги осуди заканите кон новинарот Бранко Геровски и порача дека новинарскиот интегритет е многу повеќе заради тоа што испраќа порака на страв до сите други.