Лицата со дилексија ќе можат полесно и побрзо да читаат, благодарение на заедничкиот труд на Филозофскиот факултет, здружението за дислексија „Ајнштајн“ и компанијата Emit Knowledge! Тие го создадоа првиот кириличен фонт прилагоден за овие лица, кој ќе може да се користи онлајн, со помош на додавката „Бато“, која е достапна бесплатно да се преземе, a издавачот „Арс Ламина“ испечати преку 40 лектири според технички спецификации прилагодени за овие лица, пишува Иновативност.

Основната цел на кирилскиот фонт DyslexicFZF е да го олесни читањето кај лицата со дислексија, а со неговата употреба самиот процес на читање станува пофлуентен и се намалува бројот на грешки, бидејќи Dyslexic FZF го прикажува текстот на начин кој што е поприфатлив за лицата со тешкотии во читањето. Новиот фонт за дислексичари е првата алатка од пакетот асистивна технологија во нашата држава. Технологијата како решение за помош на лицата со потешкотии во учењето во светот се користи многу одамна, а кај нас е во зачеток.
Целиот текст ТУКА