Мелодија што ќе ве одведе на магично место

од desk2
178 прегледи

Со звукот на морските бранови можете да се опуштите, да вежбате јога, да читате книга и да медитирате. Без оглед на тоа дали сте на плажа или користите снимени звуци од морето, вие ќе се релаксирате речиси подеднакво.

Според една теорија, човечкиот вид еволуирал во околината во која имало многу савани и извори на свежа вода. Со тоа длабоко во нашите мозоци е „всадена“ љубовта кон водата, и затоа го сакаме (и имаме потреба од) нејзиниот звук.

Друга теорија говори за тоа дека звукот на водата која тече нè потсетува на нашиот престој внатре во матката. Имено, звукот кој неродените бебиња го чувствуваат во мајчиниот стомак заедно со чукањето на нејзиното срце, е шум што го создава крвта додека тече низ вените.

Како и да е, факт е дека звукот на дождот и другите природни води содржат алфа бранови кои прават човечкиот мозок да се чувствува опуштен, како во медитативна состојба. Токму затоа и решивме да го споделиме ова видео со вас и да ви помогнеме да се опуштите ова неделно попладне… Уживајте во следните звуци!

Слични содржини