Сигурно ги гледавте филмовите во кои толку многу пушат и почуствувавте како да се бара од вас да запалите цигара. И ако сте страстен пушач, не можете да одолеете на ова искушение. Една од најтешките работи кога ја имате оваа опасна навика е да останете во кино за неколку часа и да немате шанса да запалите цигара.

Тоа очигледно било забележано и од група што се бори со пушењето, која дала извештај, според кој повеќе млади луѓе почнуваат да пушат, а причина за тоа е љубовта кон цигарите на ликовите. Сега, на нишан  се најде и серијата “Stranger Tings”, кој се развива во 80-тите години и раскажува за група деца, кои се соочуваат со чудни нешта во навидум спокоен град- Хоукингс.

Серијата даде сериозна најава за квалитет уште со првите две сезони, а вчера се појави и долго очекуваната трета. Во проектот ѕвезди во подем се младите актери Мили Боби Браун, која влегува во улогата на чудната девојка со име бројот- 11, како и на групата младинци Фин Улфхард, Ноа Скнап, Гатен Матераци и Кејлеб Меклафлин.

Фото: Ројтерс

Еден од хероите, детективот Хопер, во кој глуми Дејв Харбор, пуши цигара по цигара и очигледно ги вознемири бранителите на чист воздух. Групата против пушењето се сврте кон Netflix барајќи да ги намали овие сцени со цел да не ја промовира лошата навика кај децата.

Фото: Ројтерс

Како одговор на тоа, платформата вели дека од сега, сите нивни проекти што се погодни за публиката помала од 14 години нема да пуши ниту обични цигари, ниту електронски цигари. Ова ќе биде можно само кога заплетот тоа го бара и приказната е заснована на вистински настани кои не можат да се променат.

“Знаеме дека пушењето е штетно и кога се појавува како нормален чин на телевизија, може да ја подведе младата публика”, рече портпаролот на компанијата.

Фото: Ројтерс

Според Центарот за контрола на болести во САД, повеќе од 400.000 Американци умираат секоја година од  болести поврзани со пушењето.