Повеќе од четири часа се чека на границата со Грција за влез во земјава, на граничниот премин Евзони, пишува Фокус.

Долгата колона со возила започнува од првата наплатна рампа во Грција и се протега до границата. И за влез во Грција се чека околу еден час.
Нервозни патници во знак на револт свират, а се случија и неколку вербални напади поради превземање на ред во шесте колони./Фокус