Камена гробница од римско и три надгобни олтари се пронајдени при ископ на канализациона мрежа на „Партизанска“. Саркофагот денеска се вадеше внимателно под надзор на археолози и предизвика љубопитност од минувачите. Од Конзерваторскиот Центар Скопје велат дека станува збор за артефакти од 2 век од нашата ера од некрополите на градот Скупи, а со текот на времето реката Вардар ги донела под сегашната пешачка патека во Карпош 4. Нема дополнително да се испитуваат зошто се знае од кој период потекнуваат.

-Тие се најдени во секундарна употреба донесени се од реката Вардар како може да се види се наоѓаат во Чакал. Потекнуваат од некрополите на градот Скупи и ќе бидат пренесени во Археолошкиот локалитет скупи, изјави Вера Атанасовска, археолог, виш конзерватор во Конзерваторски Центра Скопје.
По откривањето на артефактите беа стопирани градежните работи на канализационата мрежа. По направениот увид од археолозите Градот Скопје добил дозвола да продолжи со активностите.
-Добиени се потребни дозволи и ќе продолжиме со градежните активности, рече Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.
Инаку вакви камени саркофази биле пронајдени и при градењето на стамбени згради во непосредна близина и истите се пренесени пред музејот на Град Скопје.