(Видео) Во Русија пронајдена најстарата црква во светот: Изградена е 300 години по Христос

од desk2
221 прегледи

Архелозите се на добар пат да ја откријат една од најстарите цркви во светот. Таа се наоѓа во руската провинција Дагестан. Моментално се работи на радиографија за скенирање на структурата длабока 12 метри која е сместена кај тврдината Нарвин-Кала.

Скенирањето треба да помогне да се одреди 3Д конфигурацијата на структурата и да се види вистинската функција на објектот, дали тоа бил резервоар, христијански храм или пак заратустиски храм на огнот.

Новото истражување покажа дека мистериозната градба која се наоѓа под земја би можела да биде една од најстарите христијански цркви во светот и најстариот христијански храм во оваа земја.

Истражувањето го спроведоа руските истражувачи од Националниот универзитет за наука и технологија во соработка со Државниот универзитет во Дагестан, со Институтот за физика Лебедев, со Руската академија за наука и со Универзитетот за нуклеарна физика од Москва.