Во новиот состав на Советот на општина Пустец, партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција има четворица советници.
Споредено со претходниот состав партијата сега има три советнички места помалку.
Во општнскиот совет, кој брои 15 членови, останатите 11 советници се од изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија“ предводена од владејачката Социјалистичка партија, од чии редови се шесттмина советници додека останатите пет се од другите партии во коалицијата.
Нов градоначалник на оваа општина е Пали Колефски,од Социјалистичката партија, кој освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите или 646 гласови повеќе од неговиот противкандидат Едмонд Темелко, кој на чело на општината беше три мандати.
Преземањето на функцијата градоначалник од страна на Колефски и конститурањето на Советот во оваа, како и во сите други општини треба да заврши до петти август.
Освен 15-те членови на Советот на општина Пустец, кои се Македонци, уште еден Македонец доби советничко место. Тоа е Индрит Абдиај, по потекло од селото Требиште, Голо Брдо кој и во наредните четри годни ќе биде член на Советот на општина Елбасан. Тој е претставник на партијата на зелените, која беше дел од коалицијата „Алијанса за европска Албанја“