Претседателот Хашим Тачи е подготвен да закаже избори во Косово , соопштија светските новински агенции.

Изборите се резултат на оставката на премиерот Рамуш Харадинај, откако беше повикан од Трибуналот за воени злосторства во Хаг.

Притисокот се зголемува врз  шефот на државата за да се објави датумот за предвремено гласање. Веројатно тоа ќе биде 8 септември, недела. 

  Тачи рече дека е подготвен да се консултира со партиите, но опозицијата рече дека нема што да разговара со него, освен да каже  датум за гласање.

Тој дури беше обвинет дека го одложи декретот бидејќи се плашел дека неговата партија ќе изгуби. 

Според законодавството и Уставот на земјата, предвремените избори треба да се одржат во рок од 45 дена по падот на владата.

Рамуш Харадинај најави дека повторно ќе се кандидира на изборите.