(Видео) Нашол порака во шише стара 50 години, 86- годишниот испраќач не можеше да ги запре солзите

од desk2
120 прегледи

Жител на Алјаска, кој тргнал да собира дрва за зима, наишол на порака во шише стара 50 години.

Тајлер Иваноф нашол во шишето писмо напишано на руски , па преку фејсбук побарал помош а да му ја преведат пораката. Тој утврдил дека пимото го напишал морнар на рускиот брод Сулак на 20. јуни 1969 гдина. По трагата на писмото, руските медиуми откриле дека авторот е поранешниот капетан Анатолиј Ботсаненко.

– Шишето внатре сè уште беше суво и мирисаше на вино или нешто слично, на застоен алкохол. Пораката беше сува – сведочи пронаоѓачот на пораката во шишето.

Неговата молба за помош на Фејсбук вроди со плод, така што во пораката пишува : „Искрени честитки! Од главниот брод на руската далечна флота ВРХФ Сулак … Те поздравувам, ти што ја пронајде оваа порака и те поканувам да контактираш со Владивосток-43 BRXF Сулак во име на целиот екипаж. Ви посакуваме добро здравје и долг живот, како и среќно патување. 20 јуни 1969 година”.

Кога капетанот Ботсаненко, сега 86-годишен пензионер, дозна за пораката, не можеше да ги скрие солзите радосници.

I found a message in a bottle today. Any friends that are Russian translators out there?

Публикувахте от Tyler Ivanoff в Понеделник, 5 август 2019 г.

– Изгледа како мојот ракопис. Секако! Источна трговска флота! – изјави за руската телевизија Росија 1.

Капетанот Ботсаненко ја надгледуваше изградбата на бродот „Сулак“ во 1969 година и исплови на него во 1970 година.

Слични содржини