Клубот за младински прашања и политики при Собранието на Република Северна Македонија, поддржан од Националниот демократски институт (НДИ), денеска организира настан по повод одбележување на 15 Септември – Меѓународниот ден на демократијата, на кој неколку младински организации ќе ги промовираат своите активности.
На настанот е предвидено младинските организации да ги промовираат своите активности со промотивен материјал, како и обраќање на добитниците на наградата за изработка на апликација за пријавување насилство „Speak Out”, организатори на „Fridays for the Future” и претставници од младинската организација КРИК, која е посветена и работи со лица и деца со попреченост.
Промотивните материјали од организациите ќе бидат изложени на главниот влез во Собранието.
Целта е со настанот да се даде на значење на различни форми на младински и граѓански активизам, како суштински елемент, без кој не постои ниту една демократија.
Настанот со поздравен говор ќе го отвори претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.