Најмалку 18 луѓе починале во Соединетите држави, а други 1080 се дијагностицирани со заболувања на белите дробови поради пушење електронска цигара. Ова се наведува во извештајот објавен во четвртокот од страна на американските центри за контрола и превенција на болести.
Според документот, смртни случаи се пријавени во 15 држави. Специјалисти од Центрите за контрола и превенција на болести укажуваат на тоа дека поголемиот дел од случаите (70%) се мажи, додека во 80% од случаите зборуваме за лица под 35 години. Од нив, 16% се адолесценти под 18 години.