Миризлива есенска пита со фил од дуњи

од desk4
283 прегледи

Есента ни носи многу овојша кои освен што можеме да ги јадеме свежи, исто добро одат и со вкусните десерти, како што е оваа уникатна штрудла.

Додека ја подготвувате, вашиот дом ќе мириса прекрасно.

Состојки:

500 гр готови кори за пита
Три дуњи
150 гр шеќер
Малку цимет
Малку морско оревче
100 гр суво грозје
200 мл минерална вода
Масло
Гриз

Подготовка:

Дуњите изрендајте ги на крупната страна од рендето. Додадете го шеќерот, циметот, сувото грозје и морското оревче. Убаво измешајте ја смесата.

Земете една кора и намастете ја. Ставете уште една кора и таа намастете ја со маслото и пропрскајте со минералната вода. Посипете една лажичка гриз и распоредете од смесата со дуња. Ставете уште една кора и повторете ја постапката.

Завиткајте во ролна и ставете во подмачкана тава за печење. Повторете ја постапката додека да се потрошат корите. Испечете во загреана рерна на 200 степени, околу половина час. Посипете шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.

Слични содржини