403
Вчера во Брисел лидерите од западен Балкан имаа проштална вечера со шефицата на европската дпломатија во заминување Федерика Могерини.
Посебно расположен бил српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Хашиме, Федерика најмногу сака со тебе да се бакнува – рекол Вучиќ.
На настанот учествуваше и премиерот Зоран Заев, претседателите на Србија, Косово и Црна Гора, Александар Вучиќ, Хашим Тачи и Мило Ѓукановиќ и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ.