Премиерот Заев: Шпанија имаше успешни избори, ратификацијата да заврши до крај на јануари

од Ивана Рамаданова
135 прегледи

Премиерот Зоран Заев очекува ратификацијата на протоколот за членство во НАТО во Парламентот во Шпанија да заврши до крајот на јануари и Република Северна Македонија навремено да стане членка на Алијансата.

„Добро е што имаше успешни избори во Шпанија. Победи мојата левица. Конституирањето на Парламент е на 3 декември и до крајот на декември или јануари треба да заврши постапката на ратификација и убеден сум дека Република Северна Македонија навремено ќе биде членка на НАТО“, рече премиерот.

Слични содржини