Ердоган: Турција може да врати милион бегалци во Сирија

од Aleksandar Petrovski
204 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција за шест месеци до две години би можела да врати околу милион сириски бегалци од нивната земја во безбедната зона воспоставена во северниот дел на Сирија.

На 9 октомври Ердоган ја почна воената офанзива во северниот дел на Сирија, наречена „Извор на мирот“, со намера да го исчиси теренот од курдските борци, кои ја имаат поддршката од САД, а кои Анкара ги гледа како закана за својата безбедност, јавуваат американските медиуми.

Турската Влада, исто така, се надева дека ќе рассели околу два милиона од вкупно 3,6 милиони сириски бегалци од војната во нивната земја.

Ердоган, кој се наоѓа во официјална посета на САД, изјави дека се надева дека ќе привлече помош од меѓународните донатори. Тој наведе дека милион бегалци можат да се вратат во градовите како што се Рака и Деир ел-Зор, најголемиот град на истокот од Сирија.

Ердоган во Вашингтон вчера се сретна со претседателот Доналд Трамп.