328
На настанот American Portrait gala во Вашингтон, Мишел Обама се појави во впечатлив фустан во кој ги привлече сите погледи.
До сега бевме навикнати да ја гледаме во средени и поприлично конзервативни комбинации, па изборот на фустанот за ова случување е вистинско освежување.
Овој фустан бил дизајниран специјално за ние, а инспирација биле слип ноќниците и подздолништата, додека со жолтата боја сакале да ја доловат енергијата која Мишел ја поседува.
– Ми беше чест да го креирам овој фустан само за неа – рекол дизајнерот на оваа креација, Роузбери.
Фустанот привлекол огромно внимание, а и бројни позитивни коментари.