НИН без насловна фотографија

од Aleksandar Petrovski
271 прегледи

НИН во денешното издание нема фотографија на насловната страница, затоа што првичниот избор на фотографија бил, според издавачот, несоодветен, особено во земја во која беше убиен премиер.

Ова утринава го соопшти издавачот на НИН, Рингиер Аксел Спрингер Србија, наведувајќи дека иако фотографијата на насловната страница е сменета, содржината на статијата под наслов „Афера оружје: Кој го урива Крушик“ останува непроменета.

Рингиер Аксел Спрингер Србија додаде дека изданието на НИН со нова насловна страница ќе биде објавено што е можно побрзо.

На насловната страница што вчера беше објавена на социјалните мрежи на неделникот имаше фотографија со српскиот претседател Александар Вучиќ во кого е вперено оружје.

Слични содржини