Сношти во Атланта се одржа изборот за Мис на универзумот, а титулата ја понесе 26-годишната Зозибини Тунзи од Јужна Африка.
Таа е прва темнокожа Мис на универзумот (овој натпревар е различен од Мис на светот), но и прва победничка од територијата на Африка.
Зозибини се разликува од другите по тоа што има кратка коса, сигурно држење и е остра на јазикот, има универзитетска диплома во областа на односи со јавноста, оратор е и општествен активист.
Во нејзин фокус е борбата против родовото насилство, но и тоа да се ослободи општеството од усвоените стеги и стандарди за убавина. Таа се бори против стереотипите дека убава жена е онаа која е нашминкана, дотерана и има долга коса.
Очигледно, овој став ѝ донесе светска слава и успех, па дури и престижна титула за убавина.