Владејачката партија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, ФИДЕС, сериозно размислува да ја напушти централно-десничарската Европска народна партија (ЕНП), изјави за „Политико“ висок член на паријата.
Раководството на ФИДЕС ја истражува можноста за пристапување кон владејачката партија на Полска, „Право и правда“ во групата на европски конзервативци и реформисти, додаде членот на ФИДЕС, истакнувајќи дека според таквиот договор, Орбан ќе игра водечка улога меѓу реформистите.
Владејачката партија на Унгарија беше разрешена од политичкото семејство ЕНП минатиот март, поради загриженост во врска со владеењето на правото, иако 13-те европратеници на партијата остануваат дел од групата ЕНП во Европскиот парламент.
– Не можеме да направиме компромис за демократијата, владеењето на правото, слободата на печатот, академската слобода или малцинските права“, рече водачот на ЕНП, Жозеп Дол, во времето по одлуката за суспендирање на ФИДЕС. „Антиевропската реторика е неприфатлива. Несогласувањата меѓу ЕНП и ФИДЕС мора да завршат, додаде тој.
Наследникот на Дол, Доналд Туск, ќе им даде препорака на членовите на ЕНП за иднината на ФИДЕС во наредните недели, откако експертска комисија ќе претстави внатрешна проценка за тоа дали партијата дејствува во согласност со правилата и вредностите на ЕНП. Се очекува ова прашање да биде разгледано за време на состанокот на ЕНП на почетокот на февруари.
Унгарската влада во последниве месеци, официјално, поддржува дека сака да остане во ЕНП.
„Мислам дека ФИДЕС нема да биде член на ЕНП“, рече Габор Г. Фодор, кој раководи со Фондацијата „Századvég“, тинк-тенк тесно поврзан со ФИДЕС. Фодор додаде дека членството во партијата е поврзано со прашањето за имиграцијата.
Со замрзнување на активностите на ФИДЕС во ЕНП, некои конзервативни европски политичари се надеваа дека овој потег ќе изврши притисок врз унгарското раководство да сврти дел од нејзините политики. Но, Орбан е несвесен за многуте грижи на неговите критичари и во последните месеци презеде чекори што неговите противници велат дека претставуваат нови закани за независноста на судството и академската слобода.
ФИДЕС не го подобри своето однесување по суспензијата, изјави за „Политико“ европратеникот на ЕНП, Петри Сарвама. „Всушност, промената на нивното однесување не изгледа дека е во нивен интерес“.
Во меѓувреме, експерти и службени лица во Будимпешта изразија загриженост во врска со она што е опишано како обид за политичка интервенција во независни институции, како што се судови, театри, универзитети и разузнавачки агенции. Во исто време, странските власти се загрижени за растечкото влијание на Кремљ во Унгарија.
Говорејќи на конгресот на ЕНП во Загреб во ноември, Туск рече дека Орбан е „многу близок пријател“, но дека не се согласува со „идеите претставени“ од унгарскиот лидер, особено со неговата „нелиберална демократија“.
„Решени сме да се бориме со овој вид идеи“, додаде Туск.
Шефот на кабинетот на Орбан, министерот Гергели Гулаш, во интервју за унгарскиот телевизиски канал АТВ изјави дека „напуштањето на ФИДЕС од ЕНП е прашање на избор на насока“.
ЕНП нема да може да остане „демо-христијанското, централно-десничарско, конзервативно партиско семејство“, без ФИДЕС и нејзините европски сојузници, рече Гулаш за каналот, додавајќи дека „заминувањето на ФИДЕС од ЕНП ќе биде почеток на крајот“.
Самиот Орбан не еднаш ја споменал можноста ФИДЕС да го напушти ЕНП доколку партијата не се промени.
„Ако продолжат да се движат лево, ова не е наш начин“, им рече премиерот на новинарите во ноември. „Меѓутоа, ако тие се подготвени да се вратат во нивните демохристијански корени, ние веројатно можеме да продолжиме во рамките на ЕНП“.