Тимоние и Вархеји сложни: Законот за Јавно обвинителство клучен за преговори со ЕУ

од Aleksandar Todeski
425 прегледи

Законот за Јавно обвинителство и спроведувањето на договорот од Преспа се двете клучни работи кои еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји ги претстави пред македонската јавност за старт на преговори со Европската Унија.

Ерокомсеарот на прес конференцијата со техничкиот премиер Оливер Спасовски повика Заонот за ЈО да биде донесен од сегашниот состав на Собранието, како приоритет во реформите. Нагласи и дека ЕУ очекува која и да е партија на власт по изборите, мора да продолжи со спроведување на Преспанскиот договор, кој ги отвори вратите на Северна Македонија кон Европската Унија.

„Потребно е да се имплементираат реформите. Приоритет треба да се даде на Законот за Јавно обвинителство, се надеваме дека ќе биде донесен од сегашниот парламент. Се надевам дека ќе имаме сигурен партнер во владата. Ја изразив подготвеноста за соработка со кој и да ја води владата.  Клучно е и спроведувањето на Преспанскиот договор без разлика која ќе биде следната влада“, истакна Вархеји.

Комесарот за проширување ја донесе и добрата вест, дека интеграцијата на Западен Балкан не е запрена, туку дека продолжува и дека истото е приоритет за новиот состав на Европската комисија.

„Северна Македонија и Албанија се подготвени за преговори, нема промена во тој став. Мора да почнеме пристапни преговори со овие две земји. Исто така, морам да го пофалам напредокот на Северна Македонија направен досега. Државата беше мошне постојана во преговорите, благодарение на сите досегашни влади. Постои национален консензус и се надевам дека ќе трае и ќе помогне со предизивкиот кој ќе следува откако ќе почнат пристапните преговори. Откако ќе бидат отворени преговорите, предизивицте за Северна Македонија ќе бидат уште поголеми. Важно е да постои национален консензус за пристапувањето кон ЕУ.“, истакна Вархеји.

Законот за Јавно обвинителство, со кој ќе се реши и проблемот по прекинување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, како приоритет го посочи и францускиот амбасадор во Скопје, Христијан Тимоние.

„Потребни ни се успешни избори. Прогрес во агендата. Бидејќи постои метологија, но постои и агенда на реформи во политичката агенда како и законот за Обвинителството, порача Тимоние.

Законот за Јавно обвинителство е заглавен во Собраниските лавиринти откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ одлучи истиот да го блокира, а за неговото носење преговараа со владејачката СДСМ. Иако на неколку пати се чинеше дека се блиску до договор, сепак партиите немаат постигнато консензус за ова прашање.

А.Т.

Слични содржини