Супербоул за паметење: Канзас по голем пресврт ја освои титулата! (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
269 прегледи

Во 54. издание на Супербоул, Канзас Сити Чифс со победата над Сан Франциско од 31:20 стана НФЛ шампион.

„Чифси“ по 50 години ја освоија својата втора титула. Пред стартот на последната четвртина „Фортинајнерси“ водеа со 20:10, но квотербекот на Канзас Сити, Патрик Махоун ја намести раката и со три тачдаун додавања ја поведе екипата кон голема победа.

Како и обично големо внимание привлече музичкото шоу за време на полувремето, а овој пат во целост беше во латино стил откако настапија Шакира и Џенифер Лопез.

Слични содржини